Твоето право на избор

popara19 февруари, 20121min00
2

Не плаши се да ги изразиш своите мечти. Знај кој си и што сакаш. Слободен си да го промениш својот живот – тоа е твојот живот, не животот на другите.

Не суди, простувај. Ослободи се од старата критичност. Откажи се од неопходноста да си секогаш во право, прв и на врвот. Никој не е виновен. Вреднувај се себе си но и другите.

Можеш да кажеш Да и Не секогаш кога ти решиш.  Ние сите имаме право на среќа по раѓање. И право на страдање. Што избираш?

Заборави на се што си научил до сега. Постави нов почеток. Животот ти е твоја творба. Ти избираш дали ќе страдаш или ќе бидеш среќен.  Не плаши се дека ќе изгубиш нешто. И без тоа ништо не ти припаѓа. Не плаши се да сакаш и да бидеш сакан. Не плаши се и од болката, таа е само дел од животот.

Светот е прекрасно место. Животот може да биде многу лесен, ако се раководи од љубовта. Ништо не ти пречи да љубиш постојано. Изборот е твој. Ако немаш причина – љуби заради самата љубов, зошто таа те прави среќен и блажен. Љубовта секогаш носи само среќа. Таа ја менува представата за се.

Можеби не си во состојба да и избегаш на Судбината, но единствено во твои раце е да страдаш или да си среќен со својата Судбина.

Живеј без да се плашиш од осуда. Не раководи се според она како ќе те прифатат останатите. Ти не си отворен за мислењето на другите. Откажи се да ги контролираш другите и тие ќе ја изгубат контролата над тебе.

Учи се од мудрите, тие се такви какви што се. Тие дејствуваат со она што го имаат и го прават она што го можат.

Учи се од реалноста. Таа е таква каква што е. Не прави го она за што не си создаден. Мудриот ги знае границите на своите способности, глупакот – не!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag