Обвинителството на државата Јужна Каролина соопштила дека еден работник од Мекдонлдс бил уапсен, бидејќи им плукал на гостите во пијалоците, откако тие се пожалиле дека пијалокот не бил доволно благ.
Марвин Вашингтон Џуниор (19) е лицето против кого ќе биде поднесена кривична пријава. Сигурносните камери во ресторанот го снимиле работникот во моментот кога ставал чај и ги послужувал гостите.
По овој наста се огласил и сопственикот на ланецот ресторани и апелирал да не се носат заклучоци додека не заврши истрагата.