Уапсени поради скринсејвер!

24 април, 20120
u75h

Ако веќе сте направиле кражба, глупаво е сликата со пленот да ви стои како скринсејвер на вашиот компјутер.

Тројца тинејџери на возраст од 16 и 17 години ја ограбиле „Тексако“ бензинската станица во Манчестер. Лицата ги покриле со марами, ставиле капуљчи и големи јакни, за потешко да ги препознаат. Кога се вратиле дома со пленот, голема количина на кутии цигари и пари, одлучиле да го сликаат пленот.

Крадците се сликале со пленот, а фотографиите ги сочувале во мобилните телефони, а еден од нив фотографијата ја ставил како скринсејвер на својот домашен компјутер.

Полицијата врз основа на снимките од безбедносните камери ги идентификувала осомничените и потоа упаднала во нивните куќи, а таму ги чекал доказот на екранот од компјутерот.

Тинејџерите биле уапсени и осудени на 40 месеци затвор, пишува британскиот Телеграф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi