Учител од Индија милијардер, но само на еден ден! :)))

popara20 јануари, 20121min00
ucitelj

Еден индиски просветен работник останал шокиран кога на интернет ја проверувал својата банкарска сметка, каде наместо очекуваните 10.000 рупии (200 долаари) му се појавила сума од 9,8 милијарди долари.

Гледајќи во огромната сума на пари на својата сметка од државната банка на Индија, Париџат Саха (42) кој предава во една гимназија чија плата изнесува 700 долари месечно, доживеал вистински шок.

Тој веднаш помислил дека мора да е некаква грешка и заминал на банкомат, но и таму му се појавил истиот износ. Веднаш се јавил во банката и ги информирал дека нешто не е во ред со неговата сметка и дека веројатно се работи за некоја грешка.

Од банката навеле дека не е јасно како се нашла огромната сума на пари на неговата сметка и дека случајот се испитува.

„Како дојдоа, така заминаа“, изјавил на шега несудениот милијрдер кого банката вројатно ќе го награди за чесноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma