Најглупавата разбојничка е упасена откако јавно се пофалила со пленот од грабежот. На YouTube објавила снимка на која се фали дека со закана со оружје украла 6.200 долари со кои мавтала на видео клипот.
Поточно, Хана Сабата (19) од Стромсбург во Небарска, минатата среда ограбила банка и обила автомобил, но, како да не и било доволно што добила плен од околу 6.200 долари, таа одлучила и да сними видео, се со цел да му се пофали на целиот свет за својата мајсторија.
“Штотуку украдов некои нешта од еден автомобил и ограбив банка! Сега сум богата! Ќе си го платам факултетот, а потоа одам во шопинг! Ова е најдобриот ден од мојот живот”, напишала Хана.
Таа додала и дека украла автомобил и дека веднаш ги тргнала регистарските таблички затоа што, секако, “не е толку глупава за да ја фатат”. При крајот на видеото, таа соопштила и дека социјалните служби и го одземале синот, но дека “и понатаму има своја цел во својот живот”.
Ова видео Хана го завршила со реченицата, “Цркнете, ги обожавам “Green Day””.