Улогата на вазелинот во козметиката

popara20 февруари, 20121min00
vvv

Вазелинот е базиран на петролни продукти и е познат во козметиката од 19 век, кога бил препорачуван за лечење на исекотини. После извесно време се дознава дека ја запечатува влагата во кожата и ги држи бактериите подалеку, па станал дел од секое домаќинство. Револуцијата во сексот го направи вазелинот дел од игрите за возрасни, но освен неговата перверзна страна, денес многу жени го преоткриваат во секојдневите грижи за убавината.

Пред легнување намачкајте ги стопалата и рацете со вазелин, како и другите места по телото, како што се лактите и колената, каде кожата е груба. Вазелинот идеално ќе ја омекне кожата и само за еден ден ќе видите неверојатни резултати. Ова се препорачува да се прави најмалку еднаш седмично. Во лето треба и почесто.

Во зима кожата на лицето е изложена на неповолните влијанија, студ, ветар и таа многу брзо ја губи влажноста. Вазелинот има својство да ја зачува влагата во кожата, па затоа е добро некулку пати неделно да си направите едноставен третман на лицето со вазелин. Најпрво нанесете подебел слој на лицето и оставете да делува 20 минути. Потоа со хартиена салфетка одстранете го вишокот вазелин од лицето, а после ова лицето не се измива. Ова ќе и даде заштитен слој на кожата и ќе ја заштити од дехидратација.

Освен тоа, незнам дали сте знаеле дека вазелинот се нанесува во многу тенок слој на зоните од телото каде нанесуваш парфем. На ваков начин парфемот ќе ви трае многу подолго од обично.

Вазелинот се користи и за омекнување на кожичките од ноктите како и за отстранување на шминка, особено од очите, бидејќи не е агресивен препарат и се препорачува за зоната околу очите.  Можете да го употребите и како дел од домашно приготвените маски за лице или коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag