Една жена од Швајцарија која верувала дека може да живее само од светлината, умрела од глад.
Жената инспирацијата ја пронашла во еден документарец во кој двајца мажи тврделе дека може да се живее само од светлина. Двајцата мажи во филмот тврделе дека живеат не од храна, туку од духовност.
Жената на која медиумите и дале лажно име Ана Гут, почнала да се подготвува за живот од светлина со помош на една книга од австралијанката Ellen Greve.
Ана ја започнала првата недела и не пиела ниту вода ниту јадела. По две, три недели почнала да пие само вода, но многу ослабела и ги загрижила своите деца. Таа ветила дека ќе престане доколку состојбата и се влоши. Но, еден ден Ана не се јавувала на телефон. Децата влегле во куќата и ја пронашле мртва. Се констатирало дека жената починала од глад.