Позната како скандал мајстор, а сега и повторно го привлече вниманието со најновата изјава во која открива како сака да работи на проширување на своето семејство и дека сака наскоро да се оствари како мајка. Не постои тема која американската поп сензација Лејди Гага ја избегнува. Во новата емисија на Опра Винфри пејачката изјавила дека што поскоро сака да добие деца.
-Секако дека сакам деца. Сакам цел фудбалски тим и сакам маж. Веќе знаете дека сакам да претерам, така што не сакам само едно дете, туку многу деца, изјавила Гага.
Пејачката дури на својот дечко Тејлор му купила мачка, за да не биде осамен додека таа е на турнеја.
-Гага сака се со Тејлор, брак, деца и семејство. Веќе прави список со имиња за деца. Се фалела дека нивните деца ќе бидат преубави, бидејќи Тејлор е многу привлечен. А до следната година најдоцна планира да има дете, изјавува неименуван извор.