Од одлични потези за предигра, до уште подобар оргазам, стручњаците одлучија, да поделат некои тајни со сите кога се во прашање советите за сексот.
Може вака, може така! Кога се зборува за сексот и триковите, секој би можел да додаде некој совет од сопствено искуство. Но, овојпат стручњаците одлично ги поделиле своите секси тајни, кои ќе бидат добредојдени, бидејќи дефинитивно, не сте ги слушнале од дома.
Вашата рака во неговиот џеб
“Кога вашиот партнер, најмалку очекува, вовлечете ја вашата рака во неговиот џеб, под изговор дека ви требаат ситни пари. Но кога веќе раката ќе ви биде во неговиот џеб, допрете го неговиот орган преку ткаенината. Кога ќе приметите дека е во ерекција, шепнете му нешто секси наувото и ќе го запрепастите, советува сексуалниот терапевт Сузан Блок, воедно и автор на книгатра Commandments of Pleasure.
Дајте му до знаење што имате под облеката
“Следниот пат кога ќе излегувате заедно на прошетка, облечете секси долна облека и покажете му што имате на себе. Тешко дека некој маж, ќе може да остане рамнодушен. Остатокот од вечерта ќе го проведе во размислување што имате под облеката. Впрочем, кога имате нешто така секси на себе – се чувствувате по сексипилни. Кога ќе се вратите дома, нема да можете да ги тргнете рацете еден од друг, вели Сузан Блок.
Бакнеж од 10 секунди
“Споделувајте страствен бакнеж од 10 секунди, секој ден! Многу парови со време престануваат да се бакнуваат. Штета, бидејќи тоа е прекрасен интимен чин. Кога најмалку очекува, почестете го со страствен бакнеж, советува Елен Креидман, авторка на книгата The 10 Second Kiss.
Бидете шефица во креветот
“Кажете му да легне на креветот и потоа употребете лисици или земете му ги неговите раце, за да не може да ве допира. Кога сте го скротиле, нежно бакнувајте го по телото, со јазикот играјте си со неговите брадавици, вратот, торзото… Ако забележите дека станал нестрплив, речете му да ви каже зошто ве посакува. Потоа, бидејќи станал послушен, допуштете му тој да ја превземе играта, советува Кандида Ројал, авторката на книгата How to Tell a Naked Man What to Do.