Важни правила при нанесувањето на руж

23 јануари, 20120
b

Ружот е тајното оружје на убавината, иако често го забораваме. Ова е финалниот трик на шминката што создава свежина и убавина.

Колку помалку, толку подобро, е основниот принцип на ружот.

На светла кожа во розови нијанси одговараат сите ладни бои, од бледо розово до виолетово. Потемната кожа има потреба од потопли бои како праска, корал, кајсија и мед. Избирајте природни бои како што се розовата, праска и кајсија. Најдобриот руж е оној кој одговара на природното руменило на лицето што се појавува по време на физичка активност.

Темно розовиот руж го освежува лицето, особено ако се нанесува во посока кон ушите. Праска нијансите и светло кафеавото се универзални и одговараат на сите жени. Изберете ги нив ако не можете да прецените која точно е вашата боја.

Освен тоа бојата на ружот и бојата на карминот треба да си одговараат. Ова е задолжителен услов при шминкањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma