Познатиот карневал кој се одржува во Рио де Жанеиро, Бразил вчера и официјално започна со петдневното славење. Организаторите најавија дека ова ќе биде најголемиот карневал до сега. Покрај 850.000 туристи од целиот свет, се очекува и посетата на познатите ѕвезди како Џенифер Лопез, Ферги, Хју Хефнер и Моника Белучи.