Векна од туна и кашкавал

popara29 март, 20121min00
Meatloaf

Потребни состојки:

300 гр. туна

100 гр. брашно

3 јајца

100 гр. кашкавал

1,5 дл. млеко

0,5 дл. масло за јадење

1 лажичка прашок за пециво

1 лажица путер

Сол и црн пипер

Припрема:

Промешајте го брашното со прашокот за пециво. Додадете ги јајцата и матете се додека смесата не се изедначи. Полека додадете го млекото, па маслото со постојано матење, а на крај додадете ја туната и кашкавалот и промешајте за да добиете хомогена смеса.

Смесата сипете ја во намрсен калап за печење и печете во загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma