Тимот на археолози на велигденските острови, откопаa две џиновски камени глави кои имаат и тела кои се протегаат и до неколку метри под земја…
На Велигденскиот остров, има околу 1.000 така наречени Моаи, скулптури. Ова откритие сосема сигурно , ќе привлече и бројни туристи на островот.
“ Нашите ископувања, открија две торза од скулптури високи 7 метри. Стотици , а можеби илјада посетители на островот беа воодушевени кога видоа дека Моаи, скулптурите имаат и тела. А што е најважно, откривме и многу податоци за Рапа Нуи техниките, на девното градителство” изјави . за Дејли маил , директорката на проектот Easter Island Statue Project, Џое Ан Тилбург.
Со најновите исражувања откриено е дека скултурите стојат на камени постаменти и дека при нивната изработка се користени казлични камени алатки, камења и конопи. Во темелите на скулптурите биле избушени дупки, во кои биле вградувани стебла со коноп со кои киповите биле подигани во исправена положба.
“ Пронајдовме големи количини на црвен пигмент кој можеби е користен за обојување на киповите а пронајден е и еден врежан знак, на еден од киповите, ” изјави Ван Тилбург и додаде дека биле откриени и петроглифи (цртежи кои се вклесани во камени карпи).
Се претпоставува дека овие Моаи скулптури се стари помеѓу 400 и 1000 год. но не се знае кој и зошто ги направил.