На пеколните жештини жената која лебди во воздух ги маѓепса луѓето во Љубљана, иако многумина се сомневаат дека тоа е вистинско и возможно.
Многумина луѓе кои прошетаа низ плоштадот каде жената лебдеше во воздух неможеа да си поверуваат што гледаат.
Иако, бројот на љубопитни лица се повеќе се зголемувал, жената во долга наметка едноставно лебдела во воздух и играла замислена претстава.
Мистеријата не била решена, а се верува дека станува збор за разоткриена тајна која потекнува од индиските факири и нивните ученици кои учат да лебдат со користење на метални столици под наметките.