Вештачко оплодување за лезбејки

popara23 април, 20121min00
lezbejki

Комисија за биоетика, при австрискиот кабинет во Виена, оцени дека науката не докажа дека нема влијание во развојот на детето, доколку двата партнери кои го одгледуваат се од ист пол.

Тие се изјаснија позитивно, за издавање на дозвола на вештачкото оплодување, на лезбејски парови и жени без партнер. Уставниот суд на барање на Високиот суд, моментално работи на проверка на уставната забрана и побара изјаснување од страна на Комисијата за биоетика.

Одлуката на Уставниот суд по ова прашање (кое ја вознемири Австриската јавност), треба да биде донесена на есен. Законот за признати хомосексуални партнерства дојде до промена на таканаречениот закон за  потомство.

Во него е изјаснето дека, медицински поддржаниот зачеток, е дозволен, само за личности кои се во брак или за личности кои се меѓусебна партнерска врска. Затоа, хомосексуалните партнери, до сега немаа можност за вештачко оплодување.

Правниот суд и наложи на Комисијата за биоетика да се изјасни, дали, и под кои услови, актуелното законско ограничување ги засега личностите без партнер, т.е личностите со партнер од ист пол. Повеќето од членовите заклучија дека не постојат околности кои би ја оправдале неправедната забрана. Таа оцени и дека науката не докажува дека не влијае на развојот на детето дали се партнерите(кои го одгледуваат детето), од ист пол. Против промената на законот во полза на хомосексуалците, се изјасни веднаш католичката црква во Австрија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma