Ви се јаде нешто солено…знаете ли зошто?

popara3 февруари, 20121min00
sa

Повеќето диетолози се согласни дека кога наеднаш ќе се појави желба за нешто солено е симптом за недостаток на минерали. Солта ја има таа способност привремено да го зголеми нивото на другите минерали во телото со што успева да го излеже мозокот  дека проблемот е решен.  Може да ви недостига калиум, манган, селен, железо и други важни минерални материи. Но веројатно се сетивте дека чипсот, соленките и другите грицки не се правото решение. Затоа ви предлагам неколку здрави храни кои ќе ви ја задоволат потребата од солено и ќе ви ги достават оние минерали кои ви недостасуваат во организмот.

Изберете маслинки, кисели краставички, сирење ементал, бразилски бадеми или моцарела. Сите овие производи ги содржат потребните минерали, а освен тоа се здрави и нема да ја зголемите телесната тежина што се случува кога ќе изберете грицки наместо ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma