Оваа недела баш се се врти околу 69 доделување на Златен глобус. Една од добитничките беше поп кралицата Мадона која се пошегувала со комичарот Рики Жерве.
Поп кралицата доби Златен глобус за песната Masterpiece, а пред да стапне на сцената да ја превземе наградата, комичарот Роки Жерве ја најавил како “материјална девојка која сеуште е девица”.
Иако сите знаеја дека Рики алудира на најголемите хитови на Мадона, пејачката ја прифатила шалата и возвратила: “Рики, ако сеуште изгледам како девица зошто не дојдеш кдо мене и направиш нешто по тоа прашање? Со години не сум бакнала девојка, на сцена”.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Rl6bAi4jj1Q