Видео: Американец прв човек излечен од сида!

popara26 јули, 20121min00

Пред шест години Браун бил ХИВ позитивен, а по третманот за леукемија и трансплантација на матични клетки, лекарите неможат да го пронајдат вирусот во неговиот огранизам.

Американецот Тимоти Браун е првиот човек за кого се верува дека е излечен од вирусот ХИВ.

„Јас сум жив доказ дека може да се излечите“, изјавил Браун на конференцијата за новинари во Вашингтон, а додал и дека својот живот ќе го посвети во барањето лек за оваа болест.

Некои лекари претпоставуваат дека вирусот и понатаму можеби е присутен во неговото тело, но дека тоа е во мали количини и неможе да се детектира. Лекарите додале дека ова е посебен случај, единствен и комплициран, како и дека неможе да се примени на други пациенти.

„Ја сум првиот, а верувам првиот од многуте луѓе кои ќе бидат излчени од ХИВ“, порачал Браун.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma