Видео: Исповед на девојката која преживеа катастрофална авионска несреќа!

popara15 август, 20121min00

Четри годишното девојче беше извлечено од срушениот авион во која загинаа сите патници, вклучувајќи го и целото нејзино семејство, родителите и братот. Денеска ова девојче има 29 години и решила да зборува пред медиумите за кобниот ден.

Поминати се цели 25 години од катастрофалната авионска несреќа која се случи во 1987 година и однесе 156 животи. Сите кои беа на авионот кој леташе од Мичиген за Феникс настрадаа.

Од срушениот авион единствено беше извлечена малата тогаш четри годишна Cecelia Cichan. Таа денес на свои 29 години вели дека не поминува ниту еден ден, без да се присети на страшната трагедија.

„Тешко е да не мислам на тоа. Секој пат кога се гледам во огледало си ги гледам и лузните“, изјавила Сесилија.

На зглобот од раката има истетовирано мал авион, а на нејзината свадба присуствувал и пожарникарот кој ја извлекол од авионот.

Оваа девојка верува дека ја преживеала несреќата поради тоа што мајката ја заштитала со нејзиното тело.

Сесилија до сега никогаш не зборувала јавно за несреќата, иако долго време го привлекувала вниманието на медиумите со својата приказна. Неодаман одлучила да учествува во групниот проект „Единствени преживеани“ филм кој говори за 13 луѓе со исто искуство, преживеани од авионски несреќи.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=NduY9jXjNd0

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag