Што е најлудото нешто кое може да го направите кога ви се пие пиво, а ве мрзи да одите до продавница? Еден маж од Тенеси одлучил да повика итна помош.
67 годишниот Ален Трој Крукс имал многу итен случај. Останал без пиво па одлучил да ја повика служата за итна помош 911.
Иако бил пијан и неможел да го сврти бројот, на крај успеал да ја добие итната служба и да каже дека останал без алкохол и дека му треба некој за да го одведе до продавница да си купи уште пиво.
Набрзо бил уапсен, но тврдел дека тој не го сторил тоа. Бидејќи не го признал делото завршил во притвор, но бил ослободен со кауција.
Снимката од овој неверојатен „итен“ случај можете да ја слушенте на репортажата од Channel 4 ТВ.