Исто како и на многу пејачи, Ета Џејмс била голема инспирација на Кристина Агилера. Затоа, за време на изминатиот викенд на погрбот на музичката дива ја испеала песната “At Last”. Предизведбата одржала краток, но емотивен говор и едвај се воздржала да не заплаче. Изјавила дека во песната постои стих “најпосле најдов сон за кој можам да зборувам” и додала дека во тој сон секогаш била Ета, нејзина инспирација.
Како изгледа “At Last” во интерпретација на Агилера, можете да погледнете во видеото. Да ве потсетиме, Ета Џејмс почина на 20ти јануари по борбата со леукемија, болести на бубрезите и деменција. Позади себе остави големи хитови и многу музички ѕвезди инспирирани токму од нејзините песни.
http://www.youtube.com/watch?v=TO7XywZSZdc&feature=player_embedded