Кога би постоела титулата татко на годината американецот Рик ван Бик би бил сопственик на истата.
Овој посветен татко од Мичиген, за љубовта кон својата 13 годишна ќерка која е болна од целебрална парализа, го заврши натпреварвањето во триатлон. Но во тој натпревар учествуваше и неговата ќерка. Низ целиот натпревар тој ја носеше Меди на раце, во количка или во чамец.
Рик изјавил дека неговата ќерка Меди многу сака да е надвор во природа, па затоа одлучил да учествува со неа во тритлонскиот натпревар. Во трчањето тој ја носеше Меди на раце, во пливањето Меди беше во мал чамец и ја влечеше со себе, додека во возењето велосипед Меди беше во количка која таткото ја влечеше.
„Таа се однесува како дете, а една од малкуте работи што сака да ги прави е да ужива во природата“, изјавил 39 годишниот татко.
Тој се присетил како пред осум години докторите му соопштиле дека ќерката му боледува од целебрална парализа, но се се променило пред четри години кога тој ја одвел Меди на еден маратон. Таа толку многу уживала што решил да ја носи со себе на сите натпреварувања во кои учествува.
„Наречете го тоа инспирација, мотивација, како сакате. Јас тоа го нарекувам љубов“, изјавил Рик.