Николас Мекарти (23) роден без десна рака, уште како тинејџер сакал да се запише во училиште за млади пијанисти. Од таму бил одбиен со образложение дека никогаш нема да успее во тоа.
Меѓутоа овој млад човек денеска одржува свои концерти.
Иако, многумина би се откажале, овој британец не се откажал од својот сон. Благодарение на својата упорност станал првиот пијанист со една рака кој дипломирал на Кралскиот колеџ за музика.