Пејачката Пинк ја изненадила својата пријателка, водителката Елен Де Генерес за нејзиниот роденден.
Пинк снимила видео за роденденот на Елен во кое и посакува се најдобро и вели дека има посебно изненадување за неа. Потоа влегува во куќата и ја зема слатката ќеркичка: “Знам дека тато е посладок, но сврти се тука”, нежно и се обратила мама Пинк на нејзината ќерка.
Девојчето се врти кон камерата и упатува слатка насмевка, на што публиката и гледачите на емисијата особено се разнежнија.
Пинк на својата пријателка исто така и посака слобода, љубов, насмевки и многу соништа и многу одмор.