На Тајван во Креативниот парк Carton King, во градот Таичунг, отворен е ресторан кој е единствен во светот.
Всушност, сè во овој угостителски објект е направено од картон. Маси, столици, чинии, украси – сè е од картон. Доколку нешто уништите не морате дополнително да плаќате, се може да се рециклира и поправи.
Иако масите и столиците од картон изгледаат доста нестабилно, управата на ресторанот тврди дека целиот ентериер е стабилен и дека на картонскиот мебел може да се седи.
Ако посетителите се сомневаат во нивниот збор и се плашат да не паднат, готвачот кој е тежок 100 килограми, веднаш им демонстрира дека столчињата се издржливи, така што тој седнува на столот, а келнерот во неговиот скут.
Отворањето на овој ресторан има за цел да го промовира рециклирањето, но и покажува дека и со едноставните материјали може да се направи нешто убаво и корисно.