Иако во последниве денови се пишуваше дека Ријана е во врска со американскиот актер Ештон Качер, пејачката тоа го демантирала.
Популарната ѕвезда овие денови го промовира својот филм “Battleship”, па на многу новинари ова им била вистинска прилика да ја прашаат за нејзината врска со поранешниот сопруг на Деми Мур.
“Јас сум разочарана од ова прашање? Среќна сум и сама, ако бевте сериозни со вашето прашање”, луто одговорила Ријана.
Пејачката и Ештон неодамна беа снимени како во утринските часови излегува од неговата вила. Потоа почнаа гласини дека двојката се веќе осум недели во врска.