
Шокантно видео, снимено на безбедносните камери, покажува како една кинеска учителка ги злоупотребува своите ученици со постојани шлаканици и удари.
Просветната работничка на снимката ги удрила околу 120 пати своите ученици, бидејќи не знаеле или погрешно одговориле на прашањето.
Вознемирувачкото 30 минутно видео е забележано во подготвителното училиште во Тијауан во северната Шанкси провинција. Инцидентот се појавил на виделина откако татко на една од ученичките побарал да ја види снимката од камерите, бидејќи детето постојано доаѓало со “црвени обрзи” после училиште.
“Во половина час учителката ја удрила мојата ќерка 43 пати”, изјавил лутиот татко. “Таа е чудовиште”, бил јасен родителот.
Како што пренесуваат кинеските новински агенции, “суровата” учителка е исфрлена од училиштето.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Hw9RUBCxj74