Овој рецепт е италијански, и се припрема прилично едноставно. За да го подготвите потребно ви се природни и свежи состојки:
Тост леб
Оригано
Лук
Домати
Бибер
Маслиново масло
Моцарела
Босилок
Најпрво ставете го босилокот, маслиновото масло и лукот и изблендирајте ги. Зачинете со сол и бибер.
Потоа премачкајте ги лепчињата со овој намаз – песто, ставете ги парчињата моцарела, доматите пресечени на тркалца, ставете оригано и затворете со друго парче леб.
Така подготвените сендвичи ставете ги на скара.
Пред да ги послужите пресечете ги на половина.