Потребни состојки:
- 4 големи филети ослиќ
- една лажица сок од лимон
- 2 лажици бело вино
- 4 лажици масло
- лажица зачини
- сол
- бибер
- 100гр брашно
Начин на подготовка:
Зачинете го филето со сол и бибер лимонов сок и бело вино и маринирајте неколку минути. Маслото загрејте го во тава и во него ставете ја рибата извалкана во брашно. Печете додека не потемни од двете страни и извадете на чинија. Во тавата исцедете лимон, додадете малку вино, нека се крчка неколку минути. Додадете зачин и мешајте додека не се згусне. Прелијте преку рибата. Служете со варен зеленчук и лимон.