Дали се сеќавате на t.A.T.u? “Контроверзните” девојки се вратија на сцената!

13 декември, 20120
t.a.t.u

Светот го освоија преку ноќ, а од нивните најславни денови поминаа десет години!

28-годишната Лена Катина и 27-годишната Јулија Волкова се многу познато руско дуо, кое го запали светот во 2002 година, кога нивниот хит синглот ‘All The Things She Said’ ги освои сите музички листи во светот.

Претходно Лена и Јулија беа претставени како лезбејски дует, но нивниот документарец ‘Анатомија на t.A.T.u.’ од 2003 година, објасни дека тоа било само дел од имиџот на групата.

Сепак, двете негуваа малку провокативен имиџ, а и смаиот превод на името на групата значи “ оваа девојка ја сака другата девојка” (t.A.T.u е кратеница од Eta devuška ljubit tu devušku).

Иако t.A.T.u. се подели и Лена и Јулија се фокусираа на соло музички кариери, оваа година девојките слават десетгодишнина од започнувањето на нивната заедничка музичка кариера. За тоа цел гостувале во музичкото шоу ‘The Voice of Romania’, и ја отпеале ‘All The Things She Said’. Како звучат популарните русинки по цели десет години, погледнете во видеото!

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=dZKcwocF9oI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *