Влатко Лозаноски Лозано со Андроид апликација за мобилни телефони

28 февруари, 20120
Vlatko Lozanoski (5)

За првпат во Македонија музичка ѕвезда со сопствена апликација за мобилни телефони

Од  денес сите фанови на Влатко Лозаноски ќе имаат можност да бидат во тек со случувањата на звездата преку најновта апликација за Андроид оперативни системи.

“Самиот јас сум зависен од нова технологија и се што е поврзано со интернет.  Оваа апликација ќе ме доближи до моите фанови особено до помладата популација која е се повеќе зависна од ваквиот тип на комуникација. Ваков вид на апликации не се новина во светот па така беше повеќе од потребно да излезе и на нашиот пазар.”

Со оваа апликација  фановите на Лозано ќе имаат можност да слушаат песни, да симнуваат фотографии и да бидат во тек со сите новости. Апликацијата е бесплатна и е достапна за сите Андроид телефони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *