Влегол во училиште и убил 26 лица, меѓу нив 20 деца

15 декември, 20120
tragedija

Дваесет и шест лица, меѓу кои 20 деца на возраст од пет до 10 години се убиени во едно основно училиште во Конектикат, САД.
Според последните информации,  меѓу убиените е и самиот извршител на овој најголем убиствен поход во американската историја.

Се’ се случило во основното училиште Сенди Кук, јавува Си-Ен-Ен. Според официјални информации, примарна мета била мајката на напаѓачот, која работела како учителка, која е меѓу убиените.

Според тврдењата на еден од родителите кој се нашол на местото, меѓу жртвите се и директорот и училишниот психолог.
По масакрот дошло до забуна околу идентитетот на убиецот, прво службени извори велеле дека се работи за 24-годишниот Рајан Ланза, но подоцна се поправиле и изјавиле дека убиецот е неговиот 20-годишен брат Адам Ланза, пишува ЛА Тајмс.

Би-Би-Си јавува дека се претпоставува дека Ланза пред масакрот во својот дом во Њуровн ја убил својата мајка. Наводно, се уште не е утврдено дали дали работеле токму во тоа училиште.

СкајЊус пренесува, повикувајќи се на полициски извори, дека во една од просториите е пронајдено лице со повеќе прострелни рани и дека тоа лице со оружје при пукањето с наоѓало во главните простории на училиштето. Еден полициски службени, кој побарал да остане анонимен, за новинарите рекол дека напаѓачот во рацете имал две оружја.

Во моментот на нападот во училиштетот се наоѓале 39 професори и околу 650 деца на возраст од пет до 10 години. Масакрот започнал додека директорот преку разглас ги читал утринските известувања.  Пукање се слушнало преку разгласот, пред убиецот да се упати во делот каде се наоѓала градинката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi