На територија на Босна и Херцеговина на крајот на минатата година живееле 192 луѓе кои имале 100 или повеќе години. Од нив 131 се жени, а 62 биле мажи кои достигнале живот од еден век, покажале податоците од агенцијата за лична идентификација во БиХ.
Најстариот жител е жена која живее во општината Шипово во Република Српска. Родена е 1903 година.
Виц:
Се шетаат Германец, Американец и Босанез и наидуваат на ѓаволот.
Ѓаволот им дал предлог: Секој од вас нека фрли нешто во рекава, а јас ќе го најдам за максимум 1 час. Ако успеам ќе го убијам тој што го фрлил предметот, ако не вие мене убијте ме.
Сите се согласиле. Прв на ред е германецот, тој фрлил шајка. Нурка ѓаволот и после пет минути излегува со шајката и го убива германецот.
По него, американецот фрлил јадица, нурка ѓаволот, за 15 минути излегува и повторно ја пронашол, па го убил и американецот.
На крај дошол босанецот, фрлил нешто кое никој незнаел што е. Нурка ѓаволот, бара, бара, бара и после пет часа излегол од водата и му рекол:
– Дoбро го признавам поразот, убиј ме, но прво кажи ми што фрли во водата?
Босанецот одговорил: Па шумеча таблета.