Во Јадранско море уловена ајкула од 9 метри!
29 април, 20120
Пореч – ајкула долга девет метри и тешка два тони била уловена во Јадранското море кај Пореч. Ајкулата западнала во мрежата на рибарското семејство Бибулиќ, а едвај успеале да ја извлечат.
„Неможевме да ја извлечеме мрежата со бродската дигалка. На помош пристигна уште еден рибарски брод, а тогаш успеавме да извлечеме само дел од ајкулата. Ајкулата се заплетка во мрежата и се загушила во текот на ноќта. Никогаш немам уловено нешто вакво“, изјавил Фауст Бибулиќ (60), кој со својот брат и неговите синови ја уловиле морската ајкула.