Ice Cream Sandwich сеуште не заживеа во потполност, моментално го користат мал број на корисници, а се чини дека во подготовка е неговиот наследник, наменет првенствено за таблет компјутерите.
ICS верзијата на оперативниот систем на Google сеуште е новост на пазарот на смарт телефоните и другите мобилни уреди. Моментално може да се најде на еден процент од сите мобилни уреди кои имаат Android.
Но, тоа екипата од Mountain View не ја одвраќа од планирањето на нови верзии, кои премиерата би можеле да ја доживаат веќе во текот на второто тромесечие оваа година, пишува My Broadband.
Се покаже ли тоа точно, Google ќе исфрли нова верзија на својот оперативен систем три месеци пред големите производители да го лансираат Android 4.0 на сите уреди во својата понуда.
Android 5.0 Jelly Bean ќе биде оперативен систем фокусиран на таблетите, како Honeycomb 3.0. Се очекува да има можност за инсталирање и на друг оперативен систем, како што е очекуваното издание на Windows 8.
Google, наводно, го разгледува развојот на Android 5.0 за notebook и netbook компјутерите.