Во престрелка на војската и нарко бандите убиена е 20 годишната мексиканска мисица

27 ноември, 20120
Maria-Susana-Flores-Gamez-miss-sinaloa

Во пресметката на војската и нарко бандите убиена е мексиканската мисица Марија Сузана Флорес Гамез. Таа беше прогласена за најубава девојка во државата Синалоа за 2012 година.

Дваесетгодишна мисица на мексиканската сојузна држава Синалоа, Марија Сузана Флорес Гамез, е убиена на северот на Мексико за време на судир на војската и припадниците на една нарко-банда со кои патувала, соопштило обвинителството на Синалоа.

Властите претпоставуваат дека Марија Сузана, била член на бандата и дека употребила оружје во престрелката со војската затоа што покрај нејзиното тело во возилото на разбојниците е пронајден калашников.

“Таа била во редовите на криминалната организација која се судри со припадниците на мексиканските вооружени сили”, изјавил државниот обвинител на Синалоа, Марко Антонио Игера Гомез.

Тој додал дека форензичарите пронашле траги од барут на нејзиното тело, што значи дека пукала од пушката која била пронајдена до нејзиното тело.

Мексиканските медиуми пишуваат дека убавата мисица, која во мај годинава учествуваше на изборот за мис на ориентот во Кина, патувала со своето момче, за кој се претпоставува дека бил платен убиец, кој загинал при судирот.

Оружената банда, според тврдењата на обвинителството, е поврзана со Орсо Иван Гастелум, водич на група на платеници кои работат за еден од најмоќните нарко-картели на државата Синалоа.

Семејството и пријателите ја погребале мисицата во неделата во Кулијакан во присуство на безбедносните сили.

Флорес не е првата убавица која се нашла во судир помеѓу нарко-картел и властите. Во декември 2008-ма, Лаура Зунига, победничка на изборот за мис таа година, уапсена е во државата Халиско заедно со седум членови на нарко-картелот Хуарез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *