Во Шпанија се отвара дом за пензионери, ама хомосексуалци!

popara3 јануари, 20121min00
old_men

Група постари шпанци се борат против хомофобијата во својата генерација, па затоа решиле да отворат дом за пензионери кои се хомосексуалци.

„Хомосексуалците кои одат во разни домови за пензионери мораат да ја кријат својата сексуална определба“, изјавил Федерико Арментерос, кој стои зад овој проект. Тој додал дека ова ќе биде месот кое ќе биде отворено за сите и никој нема да треба да ја крие својата сексуалност.

Во држава во која многу жители постари од 40 години израснале во општество  во кое хомосексуалците се сметале за болни луѓе или пак криминалци, па затоа и атмосферата во многу домови за старци е хомофобична.

Федерико како претседател на здружението „26 декември“, веќе пронашол место за пензионерскиот дом. Сега останува да пронајдат 120 лица кои заедно со нив ќе го поттикнат градењето на овој дом, 20 истомисленици веќе му се придружоле во остварувањето на овој проект.

Пензионерите кои би се сместиле во домот би требало да плаќаат околу 1000 евра, што е многу поефтино отколку во другите домови во Мадрид.

Федерико Арментерос изјавил дека домот нема да биде место само за хомосексуалци, туку за сите оние кои имаат толеранција кон оваа група и секој што ќе посака може да дојде.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma