Во Сингапур почина индијката која беше жртва на силување и тепање

29 декември, 20120
siluvanje

Девојката од Индија, жртва на повеќекратно силување и претепување во Њу Делхи, синоќа почина во болница во Сингапур, каде се лекуваше последните две дена од тешките повреди.

– И покрај сите напори на осумте специјалисти во болницата Моунт Елизабет да ја одржат нејзината состојба стабилна, таа постојано се влошуваше,  изјави директорот на болницата Келвин Кох, додавајќи дека девојката имала тешки повреди  на органите, на телото и мозокот.

Девојката (23), која беше студент беше силувана од шест мажи во автобус кој сообраќал низ Њу Делхи на 16 декември, а потоа таа и нејзиниот пријател беа претепани со метална шипка и исфрлени од автобус.

Инцидентот доведе до масовни повеќедневни протести во Њу Делхи и други индиски градови со барање жените во Индија да бидат заштитени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi