Тајландските парови го започнаа натпреварувањето во маратонскиот бакнеж, кој веќе традиционално се одржува по повод Св. Валентин.
Главниот предуслов е натпреварувачите да не си ги одвојат усните, ниту за времето кога им се оди во тоалет, ни за време на оброците, кои ги зимаат со сламки.
Седум парови истовремено го започнаа овој маратонски бакнеж во летовалиштето Патаја, 100 километри југоисточно од Банког, со надеж дека ќе го соборат светскиот рекорд.
Награди ќе добијат оние чиј бакнеж ќе трае подолго од 46 часа, 24 минути и 9 секунди.