Во Тајланд започна натпреварот во најдолг бакнеж! :)))

14 февруари, 20120
6534

Тајландските парови го започнаа натпреварувањето во маратонскиот бакнеж, кој веќе традиционално се одржува по повод Св. Валентин.

Главниот предуслов е натпреварувачите да не си ги одвојат усните, ниту за времето кога им се оди во тоалет, ни за време на оброците, кои ги зимаат со сламки.

Седум парови истовремено го започнаа овој маратонски бакнеж во летовалиштето Патаја, 100 километри југоисточно од Банког, со надеж дека ќе го соборат светскиот рекорд.

Награди ќе добијат оние чиј бакнеж ќе трае подолго од 46 часа, 24 минути и 9 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *