
Ако некој знае да шокира, тогаш тоа е Лејди Гага. По снимањето на последниот спот, во кој сепак претера со бизарности, имаше мирна фаза. На јавните настани се појавуваше во нормални изданија, но со последниот сет фотографии потврди дека тоа беше само “затишје пред бура”.
Веста која го шокира светот беше дека Лејди Гага оставила када полна со крв во хотелот во кој престојувала, а сега ни претстави бизарни и вознемирувачки фотографии. За потребите на магазинот “L’ uomo Vogue” застанала пред објективот на Инеса Ванзо и Винуда Матадин како жена – робот, но топлес. Инспирација и бил спотот кој го снимила во август за песната You and I. Што ли е следното од Гага?