Кога ќе се сретнат со непознато, луѓето се склони да измислуваат фантастични објаснувања за да ги поедностават работите.Овие објаснувања понекогаш можат да бидат комплицирани во стварноста.Дали тоа е случај и со мистичната вселенска топка која паднала во бразилското село?Постои ли логично објаснување за сјајната,метална топка која паднала од небото?
Валдир Хосе Мендес (46) кој прв се сретнал со топката, го опишува своето искуство:” Бев сам во куќата и во еден момент слишнав гласен удар и ми се причини дека се работи за земјотрес.Звукот беше толку гласен што на почетокот се плашев да излезам.Надвор го видов скршеното дрво и топката која падна неколку метри од мојата куќа и направи кратер од еден метар во земја”.
Иако за сега не постои официјално објаснување за овој интересен предмет, некои забележале дека топката личи на резервар за гориво кој го користат некои сателити и летала.Погледнете ја снимката и одлучете сами.
httpv://www.youtube.com/watch?v=JByXq60u_LY