Wyoming – Teton village, брилијантен ски комплекс

popara15 февруари, 20123min00
Teton Village

Најмалата земја во САД, земјата која има најмал број жители, всушност има извонредни планински венци со пространа белина, кои изгледаат како да сте пристигнале во рајот.

Во Teton village, местото во државата Wyoming, се наоѓа познатиот ски ресорт Jackson Hole. Името го добил по историски значајната истоимена долина, а јужно од местото се наоѓа и преубав национален парк. Опкружен е со прекрасните планински венци на Jackson Hole, врвното место за зимски спортови. Скијачите и сноубордерите од целиот свет, доаѓаат токму овде, со причина…

Овој ресорт е познат по навистина стрмните терени, па според кажувањата, кога доаѓате до забрзувања, буквално летате од оваа планина. Покрај скијањето и сноубордот, постојат и други активности кои можете да ги испробате доколку сте љубители на адреналинот. Такви се: возењето со моторни санки, возењето со балон и многу други активности.

Кога е малку потопло и снегот се топи, туристите овде можат да уживаат во риболов, планинарење, возење велосипед или едноставно во преубавиот пејзаж…кој одзема здив…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag