Xolo X900, првиот паметен телефон од Intel

popara22 април, 20121min00
0581007.42

Intel го најави својот прв паметен телефон кој ќе го користи процесорот на Intel, со што го најави и влегувањето на пазарот на паметни телефони.

Телефонот е наречен Xolo X900, а се карактеризира со 1,6 гигахерци Atom процесор, 4-инчен LCD екран, оперативен систем Android Gingerbread (Ice Cream Sandwich е во фаза на подготовка, велат од Intel) и 8 мегапикселна камера, која е во состојба да сними „рафал” од 10 фотографии по ред.

Ќе го произведува индискиот производител на паметни телефони, Lava, а ќе се продава по цена од 420 долари, што е скоро двојно поефтино од цената на iPhone 4S во Индија. Сега за сега овој паметен телефон ќе се продава само во Индија, меѓутоа се планира и негово претставување надвор од оваа земја во брза иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag