Xperia Sola – Паметен телефон со лебдечка навигација

popara14 март, 20121min00
14238848134f5f310a313bc488402621_orig

Најновиот паметен телефон кој доаѓа од Sony, Xperia Sola, носи со себе можност за „лебдечка навигација”.

Floating touch навигацијата, како што Sony ја нарече, наводно овозможува да сурфате по пат на овој паметен телефон без да го допирате екранот. Треба само да го поставите прстот над екранот и да се однесувате како да движите курсор.

Се работи за Android 2,3 уред, ICS ќе биде достапен во текот на летото, со 3,7 инчен екран, резолуција 854 х 480, камера со резолуција од 5 мегапиксели, двојадрен процесор на 1 гигахерц и подршка за NFC.

Xperia Sola ќе биде достапна од вториот квартал 2012 година, и тоа во три бои – црна, бела и црвена.

Препорачаната цена не е позната.

Во приложеното видео погледнете како функционира навигацијата без допир:


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma