Прекрасната пејачка Ријана беше фотографирана како се враќа во својот хотел во една интересна комбинација. Не е познато со кого Ријана ја помина таа вечер, но судејќи според нејзината комбинација во која наликуваше како на голем подарок, можеби станува збор за романтичен состанок.
Ријана беше облечена во елегантни сребрени панталони кои ги дополни со светлуцава кошула и голема црвена машна. Комбинацијата ја заокружи со долга црна јакна со кожни ракавите и класични црни кондури.
Се чини дека згодната пејачка барем на некое време ги напушти лудите фризури, затоа што во последно време се појавува се почесто со бујна коса и со кадрици во стилот на моделите од Викторија Сикрет кои одлично и одговараат.