
Поточно, најновата приказна која се појави во медиумите е дека поранешната девојка на Крис, Ријана и неговата моментална девојка Каруче Тран речиси се испотепале во неќен клуб во Лос Анџелес.
Како што велат гостите на клубот Ријана била спречена да му пријде на Крис од неговата нова девојка која застанала пред неа. Напнатата ситуација брзо ја решиле телохранителите на Ријана кои ја одалечиле Каруче и нејзините пријателки.
Веќе подолго време се шушка дека Ријана не го преболела проблематичниот рапер со кој ја прекина врската откако тој брутално ја претепа.