Знаете ли, понекогаш седам и си мислам за животот. Правиме толку многу компромиси со себе, во името на работата, стереотипи, интереси, општествено мислење и.т.н. па дури на крај се губиме во сето тоа. Замката на егото е толку итра и лукава, што и ние самите не можеме да приметиме како сами паѓаме во неа.
Да, животот е театарска представа и секој сам одлучува дали тоа ќе биде романтична комедија или мелодрама зачинета со агресија – за подлабок ефект кај публиката, плус доза песимизам – за да може главниот актер да добие сочувство и сожалување од аудиторијата.
И што се случува на крајот?! Искрено кажано, крајот настапува и во едниот и во другиот случај. Но од нас зависи дали ќе биде тоа со насмевка на лицето или со самосожалување во очите.
Прави го она што ти носи среќа, па макар и да биде тоа лудо во очите на останатите. Откриј се и биди тоа што си, не дозволувај да ти влијае туѓото мислење и догми. Само така можеш да бидеш уникатен, зошто уште од самиот почеток на секое човечко суштество му е дадено да биде различно и единствено. А оние, кои издржуваат пред искушението да не влезат во општоприфатената матрица, за да бидат прифатени од другите, се малку…се помалку. Тоа е мојата вистина!
Простувам, бидејќи немам право да осудувам, судам и наплатувам. Не заборавам, бидејќи ја прокоцкаа мојата доверба. Најважно од се – јас се смеам. Не ви е јасно? Па не ме убивте! Јас живеам во реален свет во кој единствено може да ме изненади добрина и искреност, а тоа е толку ретко…
Ако и вие сакате да ни ја раскажете вашата вистина, да бидете слушнати и да коментираме интересни аспекти од животот…бидете со нас на нашата фејсбук страница.
…админ…