Покрај тоа што семејството и пријателите не мораат да излегуваат од автомобилот, немора ни да доживуваате стресни ситуации. Ова е еден од трите такви салони кои ги има во САД.
Во Комптон, ЛА, мртовечницата Роберт Л. Адамс нуди услуги на drive-through салони. За оние кои изгубиле драг член на семесјтвото или пријател и да немора да стојат во редици околу ковчегот, па така целиот погреб може да се одржи, а ожалостените да бидат во автомобили. Ковчегот е поставен во близина на патот и затворен со стакло, така што сите поминуваат со автомобили и се опростуваат со покојникот.
Салонот нуди замена на традиционалните погреби. Особено од салонот изјавиле дека е добро за постари лица кои неможат да стојат и тешко одат. Покрај оваа мртовечница, постојат уште две исти во Чикаго и Луизијана.