Има ли нешто посекси од здрава и сјајна коса? Оваа домашна маска ќе ви помогне да ја одржувате косата во перфектна состојба, независно од нејзиниот тип, должина и степен на оштетеност.
Вооружете ја својата коса со заштитен штит со употребата на природни продукти. За да ви биде косата полна со сјај и здравје направете го следново:
Едно добро узреано авокадо добро се пасира се додека не се добие пире на кое потоа му се додава една мала чаша кокосово масло. Ќе добиете паста која лесно ќе ја нанесете на косата. Оставете ја маската да делува еден час под шапка и крпа и потоа измијте со благ шампон во мало количество. Неверојатниот резултат ќе го видите уште после првата процедура.